ФРИГОМАК

Лизгачките врати се составени од материјали, додатоци и механизми со висок квалитет кои ги добиваме од познати брендови кои со својот квалитет доминираат на светскиот пазар. Тие имаат полиуретанска изолација која има трипати поголемо дејство за разлика од другите материјали кои имаат густина од 48kg/m3Пополнување на вратите со изолациониот материјал полиуретан се остварува преку инфузија, а вратите се ставаат во загреана преса под притисок од 400 тони. Затоа лизгачките врати имаат голема механичка издржливост и се отпорни на влага. Покриени се и од внатре и од надвор со пластифицирани челични плочи со дебелина од 0.65mm, додатен слон на боја со дебелина од 200μm и отпорни се на удари и гребење.

Гумите кои се користат се направени од мек материјал со висок квалитет со што се обезбедува совршена херметичност. Изработена е од природен каучук и во својот состав нема материјали кои се подложни на скапување.

Сите врати имаат алуминиумски рамки кои се вградени по периметарот на вратите и овозможуваат да не којде до виткање со нивна долгорочна употреба.

На самата гума по периметарот на вратите има и систем за одмрзнување кој функционира на начин со електричен отпор. Тој се наоѓа на самите врати и на подот со што е овозможена непрекината дистрибуција.

Лизгачкиот механизам е нерѓосувачки - инокс, а челичните плочи кои имаат слој кој делува антитоксично и фунгициднои се одобрени од Европската Унија за храна.

Лизгачките врати можат да се отворат и затворат со механизам на електричен погон. Прекинувачот за отворање може да биде поставен крај вратата или на пожелно растојание и му овозможува на лицето кое влегува и излегува воопшто да нема потреба да забави. Брзината на вратата се подесува по желба и автоматски забавува пред да дојде до крајната позиција на отвореност или затвореност. Во случај да снема електрична енергија, сите врати од ваков тип можат да функционираат мануелно.